Во 6 часот и 30 минути маж со возило пасат удрил во ограда од угостителски објект во центарот на Скопје.
Од МВР кратко соопштија дека увидот треба да открие зошто и како се случила сообраќајната незгода и дека возачот контактирал со полицијата.
Во сообраќајката нема повредени, а направена е материјална штета.
По неколку часа шлеп служба го подигна возилото, а полицијата извршила увид.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
