Македонија Топ вести

Моторџиите на протест: Судиите со своите одлуки да не поттикуваат хаос и дивеење по улиците

Судиите и обивнителите со своите одлуки да не поттикуваат хаос и дивеење по улиците во земјава. Ова е пораката денеска мото клубовите и мотофедерацијата во земјава ја испратија до надлежните преку мото-протест, откако Совет на јавни обивнители не најде вина кај обвинителката што го водеше случајот за сообраќајката кај Млечен во кој загина Гоце Димитриевски од Тетово, а неговата сопруга Наташа го загуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди, а сторителот на сообраќајната несреќа, Васил Чорбаџиев доби условна казна за делото.

Моторџиите кои пред Млечен му одадоа минута почит на Димитриевски, од пред Кривичен суд упатија и  апел до скопска Апелација, да ја преиспитаат пресудата за загинувањето на Димитриевски, но и сите други ослободителни или условни пресуди за слични дела.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владата го усвои предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечко тело заради лекување

Дејан Дејан

Реформската агенда на тест, судската и јавнообвинителската служба незадоволни од предложените законски решенија

Дејан Дејан

Јотова имала „вознемирувачки сигнали“ дека еден од амандманите од нацрт-извештајот за Македонија може да не го помине филтерот на европратениците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе