Свет Топ вести

Британија со предупредување до СЗО за новиот вид коронавирус, во земјата воведен четврт степен на препразливост

По итниот состанокот на британскиот премиер Борис Џонсон со министрите и научните советници упатено е предупредување до СЗО во кое се вели дека новата варијанта на коронавирусот го забрзува ширењето на инфекцијата.

Шефот на Државната здравствена служба Крис Вити потврди дека првичните сознанија говорат дека новиот вирус може забрзано да се шири и поради наглиот пораст на инфекцијата на југот на земјата. За прв пат бил забележан во средината на септември во Лондон и Кент. Тој рече дека за сега нема докази кои укажуваат на тоа дека новата варијанта на вирусот е посмртоносна или дека има негативно влијание на вакцинацијата и досегашното лекување.

И покрај забраната за собири на отворени, полицијата денеска имаше големи потешкотии да ги смири демонстрантите кои се противат на строгите рестриктивни мерки, кои ставија клуч на врата на рестораните и пабовите, од полноќ се затвораат и продавниците, а се забрануваат и божиќните собири. Дозволата за мешање на максимум три семејства ќе важи само на Божиќ. Во земјата се воведуваат жестоки мерки од четврти степен.

Мораме да бидеме претпазливи за Божиќ. Јас како премиер донесов тешка одлука за тоа што треба да се направи за да се заштитат луѓето во оваа земја. Имајќи ги сознанијата за новата варијанта на вирусот и потенцијалниот ризик од ширење, ви велат не можеме да продолжиме за Божиќ како што планиравме – Борис Џонсон, премиер на Британија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Раст на цените на јајцата во ЕУ 

Дејан Дејан

Зеленски најави привремен чекор кон договор за суровини со САД

Дејан Дејан

Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе