Вести Култура

90 филма од програмата на Мобил филм фестивал бесплатно достапни преку платформата Cinesquare.net

11.издание на фестивалот прераснува во регионален, со оглед на тоа дека благодарение на VoD платформата Cinesquare.net, филмовите ќе бидат достапни во 13 земји во регионот

 30 ноември: Деведесет филма од цел свет од денеска до 6 декември ќе бидат дел од програмата на Мобил филм фестивал, што ќе се реализира по 11.пат. Филмовите поделени во три програми ќе бидат бесплатно достапни на VoD платформата Cinesquare.net. Поради ковид-ситуацијата, годинава одлучивме фестивалот да се реализира исклучиво со онлајн-програма. Мотото на фестивалот е „Размислувај поразлично“. Сите филмови на фестивалот, благодарение на платформата Cinesquare.net се достапни во 13 земји во регионот. Со тоа Мобил филм фестивал од годинава прераснува во регионален филмски фестивал.

Голем интерес покажаа филмаџии од цел свет за да учествуваат на нашиот фестивал. Селектирани се: 22 филма во официјалната конкуренција, 36 – ковид-програма, 31 од анимирана програма.

Традиционално, ќе бидат доделени награди за најдобрите филмови. Најдобар филм „Ратка Илиевска-Лале“, за најоригинална приказна и најинвентивен филм. За наградите ќе одлучи тричлено жири во состав: Горан Наумовски, кинематографер и професор на универзитетот „Еуропа Прима“, Карл Бардош, филмски режисер и продуцент со богата професорска кариера на многу американски универзитети, а е посебно фокусиран на филмовите снимени со мобилен телефон. Неговиот курс Cell Phone Cinema се смета за најиновативен курс во академската 2019/2020 година во САД. Третиот член на жирито е филмскиот критичар Златко Ѓелевски.

Мобил филм фестивал, што го организира продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“ е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори – изборна хроника 18.04.2024

Дејан Дејан

Марковиќ во „Вин-Вин“: Не верувам во концептот на независен кандидат, без поддршка од голема партија, нема шанси да освоите било што

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе