Центарот за управување со кризи бара продолжување на кризната состојба во државата за нови 30 дена.
На денешната седница на својата група за процена, ЦУК одлучи од владата да побара со ваков предлог да излезе пред Собранието, кое единствено и може да ја продолжи прогласена кризна состојба.
Барањето го објаснуваат со потребата од заштита на јавното здравје во услови на пандемија на Ковид -19 и заради спречување на ширењето на корона вирусот.
Во моментов тече 11-тиот ден од кризната состојба која беше прогласена на 20-ти ноември а ќе важи до 20-ти декември.
