Корона вирусот не стивнува и покрај тоа што државите преземаат различни мерки за да го спречат вирусот. Бројката на заразени во светот достигна 62 милиони, а на оние кои ја загубија битката со болеста се доближува до еден и пол милион.
Во есенскиот бран, речиси сите држави пријавуваат за зголемен број на новоинфицирани, но она што загрижува е зголемениот број на смртни случаи. Во изминатото дененоќие, во Унгарија починале 152-ца пациенти, зад неа е Бугарија со 151, во Австрија битката со вирусот ја загубија 132-ца, што е најмногу за еден ден. Во Хрватска починале 55 луѓе, а поради заострување на мерките, највени се протести. Ситуацијата е сериозна и во Србија, каде денеска починале 61 човек, а новозаразени има над 7.000. Тука бројката на новопримени пациенти во болниците и натаму е поголем од бројот на оздравени од ковид.
Во Грција, и покрај мерките пандемијата е упорна, велат инфектолозите, кои истакнуваат дека и покрај тоа што бројката на новозаболени опаѓа, сепак епидемиолошката крива е висока. Премиеорот Мицотакис најави дека вакцината против ковид ќе биде бесплатна за сите, но и незадолжителна.
За да се блокира ковид 19 во светот, потребна е имунизација на барем 60 проценти од населението, велат од СЗО. Сепак вистински потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе биде појасна откако ќе се знае повеќе за вакцините што сега се тестираат.
