Ковид19 Македонија Најважни

Градоначалникот на Прилеп бара заеострување на мерките

Драматичниот пораст на заболени, хоспитализирани и починати пациенти  од Ковид-19 во Прилеп, е причина градоначалникот Илија Јованоски, да бара градот во наредниот период да биде ставен во карантин. Овде за само 9 дена починале 24 лица, а според статистиките на Институтот за јавно здравје смртноста во Прилеп е 4,5 проценти, со што овој град заедно со Струга, Дебар и Битола се највисоко на листата градови по бројот на починати од вирусот.

Загрижувачи расте и бројот на заболени, па за 9 дена има 500 новозаболени, а активни вкупно се речи 1.000 случаи. Во прилепската болница на располагање има 110 болнички кревети. Капацитетите забрзано се исполнуваат, но засега има слободни места, вели Јовановски и превентивно бара рестриктивни мерки, да не се случи да нема каде да се хоспитализираат заболените доколку има потреба.

Во Прилеп состојбата е алармантна и затоа ќе побарам од главниот Кризен штаб и Владата да имаме заострување на мерките и дополнителни рестриктивни мерки што ќе се однесува на целата Општина Прилеп, за да го превенираме понатамошниот тек на сосотојбата. Тоа е целта. Во сите одделенија во прилепската болница што се Ковид оддели, има места, но ова го правам за превенирање на состојбата, да не се најдеме во ситуација да немаме места, велиа Јованоски.

Од Владата најавуваат дека  Комисијата за заразни болести во петок ќе одлучува дали во Прилеп ќе има заострување на мерките за да се спречи понатамошна ескалација на бројот на заболени.

Ситуацијата е секако алармантна. Во петок Комисијата за заразни болести ќе го разгледува ова како проблем и би требало од таму да произлезат следните чекори, начините, мерките и што ќе се преземе понатаму за во Прилеп да се намали оваа бројка на заразени со Ковид-19, вели портпаролот на владата Душко Арсовски.

И директорот на болницата во Прилеп, Драги Богојески, во интервју за Телма минатата недела укажа на загрижувачката сосотојба и условите во оваа здравствена установа. Тој посочи дека поради недостиг на персонал, за 15 до 20 пациенти се грижи една медициснка сестра, кислородот го делат 2 пациенти, а бројот на хоспитализрани драматично расте. Речиси  сите одделенија во Прилепската болница се на располагање на пациентите заболени од Ковид-19, па покрај Инфективното, во Ковид оддели се адаптирани интерно, Одделението за уво нос и грло, очно и дел од Гинеколошкото одделение.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе