Ковид19 Македонија Најважни

Во земјава ќе се увезува фавипиравир од Јапонија и од Турција

„Фавипиравирот“ доби дозвола за интервентен увез во земјава и до крајот на неделава се очекува да стигне во Македонија. Од Агенцијата за лекови и медицински средства – МАЛМЕД информираат дека досега најголем интерес за негова покажале приватните болници.

„Во моментов генерално барањата дојдоа повеќе од нашите болници. Тие што дојдоа беа разгледани и одобрени. Една компанија сака да го увезе оригиналниот лек „авиганот“ од Јапонија, имајќи во предвид дека тешко се наоѓаат количини низ Европа и целиот свет, верувам дека брзо ќе го донесат тука“, вели Љирим Шабани, директор на Агенцијата за лекови и медициснки средства – МАЛМЕД.

Шабани информира дека „фавипиравирот“ кој ќе биде увезен во земјава ќе биде од земји каде лекот е веќе регистриран.

„Ние моментално одобривме количини од Јапонија и од Турција. Тие се двата производители за кои имавме барања да ги одобриме и тие два ги одобривме“, вели Шабани.

Увезените количини, како што неофицијално дознава Телма, ќе бидат минимални и најмногу ќе бидат наменет само за болничко лекување, а тешко ќе се наоѓа во аптеките, со оглед дека неговото користење треба да е под строг медицински надзор поради евентулани контраиндикации кои може да ги предизвика. Сепак турската „Фавира“ можеше да се најде на црниот пазар во земјава по цена од 100 до 300 евра, главно прошверцуван од Косово.

„Ние тој лек го одобривме по барање од лекарите и мислам дека така и треба да оди и понатаму. Кога ќе дојде во државата начинот на пропишување и издавањето треба да оди строго преку лекарски рецепти и доктори специјалисти“, вели Шабани.

Инаку лекот и досега се користеше на Инфективните клиники во земјава за лечење на заболени со коронавирус, но беше увезен како донација.

Цената на лекот по кој тој ќе се продава во земјава се уште не е утврдена, од Агенцијата на тоа чекаат од Министерството за здравство. Производната цена во Турција на „фавипиравирот“ е 50 евра.

„Фавипиравир“ не е регистриран како лек во Македонија, што како процедура трае со месеци, па поради тоа увозот се прави како интервентен. Шабани информира дека истата процедура за интервентен увоз ќе се примени и кога ќе треба да се увезе вакцината против коронавирусот, за да не се губи време околу регистрација на вакцините.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Македонија со скок од 19 места во однос на слободата на медиумите, медиумските работници со потпросечни плати и изложени на закани и напади

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе