Вести Македонија

Гранати од Прва светска војна најдени и во Виничко и во Битола каде и натаму има опасен склад со 600-тини гранати во необезбеден магацин среде град

Две неексплодирани гранати се најдени во текот на вчерашниот ден на две локации низ државата. Според МВР станува збор за гранати од Првата светска војна со калибар од 75 милиметри.

Едната е најдена во Битола, каде на почетокот на месецот при градежни работи на стадионот под Тумбекафе се најдени околу 600 гранати. Сега се чуваат среде град, а може да предизвикаат експлозија. Се чуваат во необезбеден магацин, а репортажата од местото каде се оставени опасните бомби покажува и дека имало палење на оган во непосредна близина.

ДЗС ги собира гранатите и чека термин за уништување на Криволак. Најбезбедна опција за уништување е на лице место бидејќи станува збор за муниција која веќе е испукана и не е безбедна за транспорт.

Пиротехничарите на ДЗС (седуммина на број) се жалат дека немаат доволно заштита, ниту панцири, ниту соодветни возила и работат спротивно на безбедносните протоколи. Државата ги смета пиротехничарите на ДЗС за канцелариски административни работници, а не за теренски работници со висок степен на ризик бидејќи ракуваат со заостанати експлозиви.

Во билтенот на МВР се објавени и двете откритија на стари повеќе од еден век, гранати:

-На 08.11.2020 во 09.40 часот, З.Ѓ.(63) од Виница пријавил дека во атар на с.Црн Камен, виничко, на место викано „Камена трага“, пронашол неексплодирана граната калибар 75 мм, од Првата светска војна. Гранатата била подигната од Дирекцијата за заштита и спасување-Виница за понатамошна постапка.

-На 08.11.2020 во 15.23 часот, И.Д. пријавил дека во Битола, во близина на мостот во населбата Баир, при изведување градежни работи, пронашол неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм од Првата светска војна. Гранатата била подигната од Дирекцијата за заштита и спасување – Битола за понатамошна постапка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа најбрзо се загрева, температурите се 2,3 степени над просекот – „црвен аларм“ за климатските промени

Дејан Дејан

Неверојатни 2.443 милијарди долари во 2023 година – СИПРИ бележи рекордни воени трошоци во светот

Дејан Дејан

Трагедија во Италија – два питбула растргнале 13-месечно дете

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе