Код Македонија Топ вести

КОД открива: Темпирана бомба во центарот на Битола

Во старата Касарна под Тумбе Кафе во Битола, сега никнува нова  населба. Се градат куќи и згради, нова инфраструктура, па тука живеат неколку илјади луѓе. Меѓу новоградбите, се уште има напуштени и руинирани објекти кои ги користеше Армијата. Во еден од нив се складираат  неексплодираните  убиствени средства, иако според стандардите овие складишта треба да бидат минимум 15 километри оддалечени од населеното место.

Со единствениот пиротехничар кој остана во Битола,  Ѓорѓи Стефанов,  дојдовме до објектот на кој нема никакво предупредување за опасност, ниту е  обезбеден со физичко присуство.  Сепак, поради безбедносни причини не ја снимивме локацијата од надворешната страна. Стефанов  ја отклучи металната врата со обичен катанец, а во стовариштето внатре, покрај сите предмети што ги чува Дирекцијата за заштита и спасување, наредени се и бомбите.

Пред вратата затекнавме  остатоци од огниште, на кое најверојатно претходната ноќ некој се топлел, без да знае дека може да настарада и да  го разнесе половина град.

-Многу е опасно,  во е магацинот да се случи пожар или нешто слично, ќе има огромна експлозија, со несогледи последици за градот и околината каде што се наоѓаме, вели Ѓорѓи  Стефанов во емисијата КОД.

Најголем дел од неексплодираните средства кои сега се складирани во објектот во поранешната Касарна се пронајдени пред десетина дена при реконструкција на  Стадионот под Тумбе Кафе во Битола.

Пиротехничарите отстранија речиси 600 артилериски гранати со калибар од  75 милиметри и ова е најголем број  откриени одеднаш во Битола.

Велат дека најверојатно има уште толку, но работите се прекинати затоа што Дирекцијата нема соодветна механизација да продолжи со  откопување  на гранатите. Сега ги има и на местото  каде што се пронајдени и во магациниот во касарната, па опасноста е двојна

-Имаме проблем со средствата што ги пронајдовме во Битола, до јужната трибина на стадионот. Два дена се работеше,  се извадија 593 парчиња артилериски гранти од 75 мм. По два дена се прекина бидејќи човекот што работеше со багерот, се уплашил за својот живот и си заминал. Тој е од некоја градежна фирма и нема обврска тоа да го работи. Од тогаш работите застанаа, регионот го обезбедува полиција. Прекинати се работите на инвеститорите и изведувачите. Веќе 5 дена има полиција деноноќно таму и никој ништо не презема во државата, вели Ефтим Митрев, пиротехничар на ДЗС од Струмица во емисијата КОД.

Емилија Мисирлиевски

Во емисијата КОД и за лошите услови и ниските плати на оние што го ризикуваа животот за мали плати (20.000 денари)- 7-те пиротехничари на ДЗС.

Работат во лоши услови, без заштитна опрема, без додаток на ризик и без платени прекувремени часови. А работата им е да вадат и уништуваат бомби.

Пиротехничарите на ДЗС велат, време е државата да почне да мисли на нив, а како последна задача ги гледаат околу 600 бомби од Првата светска војна кои сега се сместени среде Битола. Код со репортажа од местото каде демне експлозивната опасност.

Во вечерашната емисија КОД и за имотниот лист на членот на Регулаторната комисија за енергетика. Професор на Универзитет, па директор на МЕПСО, од една во друга партија, а антикорупциска истражува како со акции во енергетска компанија станал член на комисија и ги определува правилата на игра во енергетскиот сектор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со измени на деловникот Судски совет ќе спречува држење на предмети во фиока по година до две

Дејан Дејан

Пукна цевка од парно на третиот кат на Токсикологија

Дејан Дејан

Поскапува регистрацијата на возилата, се зголемува цената на задолжителната осигурителна полиса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе