Вести Македонија

Уште 16 новозаразени во најголемиот битолски кластер во моментот, геријатријата Сју Рајдер

Уште 10  пацинети во хосписот „Сју Рајдер“ во Битола  се позитивни на КОВИД-19 со што вкупниот број на заболени штитеници во оваа геријатриска установа се искачи на 33. Позитивни  се и 6 од персоналот кои веќе се во изолација.

Од Центарот за јавно здравје информираат дека штитениците во хосписот икао  се со  бројни коморбидитети, засега се во стабилна здравствена сосотојба, примаат терапија, под надзор се на лекрите од установата и во постојана консултација со инфектолог.  Засега остануваат во хосписот, а доколку се појават компликации ќе бидат хоспитализирани во Клиничката болница во Битола.

Во хосписот Сју Рајдер во Битола има вкупно 61 пациент. Тестирани се сите, а се очкуваат резултати за уште 15. Скрининг ќе се направи и на целокупниот пероснал.

Ова засега е најголемиот кластер во Битила, каде вкупно се заболени 39 пациенти и вработени. Се уште не се знае како се појавил вирусот во хосписот „Сју Рајдер“. Првичните претпоставки на епидемиолозите се дека го пренел  некој од вработените, затоа што од почетокот на пандемијата забранет е влез за невработени, а нема ниту посети од семејствата на штитениците, кои повеќето се неподвижни и не излегуваат надвор од установата.

Инаку бројките во Преспанско пелагонискиот регион и натаму драматично растат. Лидер е Прилеп со 614 активни слуачи, а вчера имаше рекордни 78 новоазболени. Во Битола има 324 активни случаи, а Ресен 71. Во Регионалниот КОВИД центар во Битола денеска се хоспиталзирани 70 пациенти,  повеќето се  во тешка состојба. Таму утрово починаа две лица на 66 и 71 годишна возраст.

 

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

51 годишен прилепчанец и 42 годишна сопатничка починаа во сообраќајка Градско-Прилеп

Kristina Kuzmanovski

Поради истекување на канализација, забрането капење во Пефкохори

Kristina Kuzmanovski

Бебе од Куманово се затруло со средство за чистење

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе