Вести Македонија Топ вести

Ковид 19 неконтролирано се шири во Струмица, граѓаните очекуваат полициски час

Четвртина од смртните ковид – случаи во текот на вчерашниот ден се од Струмица. Дури шест жртви на возраст помеѓу 37 и 75 години бележи министерството за здравство.  Градот со недели наназад е на врвот со најмногу позитивни случаи на дневна основа, веднаш после Скопје.

Директорот на болницата вели дека едвај се снаоѓаат со капацитетите, бидејќи се уште не е готов регионалниот ковид центар.

Струмичани се загрижени за брзото ширење на вирусот низ градот и околината. Велат дека не се за воведување полициски час како минатата пролет, но сметаат дека е можен бидејќи граѓаните не се дициплинирани.

Бројот на активни случаи во Струмица во моментов е 564.

 

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Договорот со Иран е „многу силен меморандум за разбирање“, ќе биде потпишан во Европа

Kristina Kuzmanovski

Законите за игри на среќа и против пушењето поминаа во прво читање – следува уште една расправа

Tea Dimkovska

Мирниот Капиштец претворен во модерна џунгла, жителите на протест

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе