Македонија Најважни

Заев: Бугарија не бара да го менуваме уставот, ниту пак нов договор

Нема промена на Уставот ниту нов договор со Бугарија. Премиерот Заев очекува бугарскиот народ да го потврди постоењето на Македонскиот јазик и народ.

Заев смета дека во овој момент нема потреба од лидерска средба со Мицкоски затоа што со тоа ќе може да му се наштети на целиот процес. Мешовитата комисија треба да ги решава сите историски настани и личности. Но предупредува дека е можно сепак Бугарија да не даде зелено светло за одржување на меѓувладина конференција.

Лингвистите упатија порака до политичарите да го негуваат и унапредуваат македонскиот јазик.

Јазичарите се на став дека светот го признава постоењето на Македонксиот јазик и нема потреба да се докажува неговата посебност. Тие и претходно го кренаа својот глас и реагираа откако Бугарија одлучи да ги прогласи сесловенските просветители Кирил и Методиј за Бугари.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе