Македонија

Слепите лица бараат да не го губат правото на персонален асистент

Стевче Костадиновски од Битола е слепо лице и веќе две години има персонален асистент кој по неколку часа дневно му помага да ги извршува сите активности. Вели дека животот целосно му се променил затоа што сега веќе не зависи од домашните за да излезе, да прошета или да заврши некоја работа во институциите. Но, слепите лица бараат ангажманот на персoналните асистенти да не е ограничен со нивната возраст како досега и да продолжи и по 65 година од животот.

Секој сака да прошета денес. Сопругот или сопругата му е на работа, а асистентот ќе го прошета. Јас се препородив откако имам придружник, бидејќи секаде кај што одам не ме оставила да бидам сам. Треба асистентите да останаt и понатаму, јас за некој месец ќе наполнам 65 и веќе немам право, вели Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи лица во Битола.

Од вкупно 215 членови во Здружението за слепи лица во Битола, само 9 од нив имаат персoнални асистенти. Тоа се невработени лица кои поминуваат тримесечна обука, но не сите одлучуваат да ја работат оваа работа. Дел поради некакви предрасуди, а пак дел поради тоа што работат хонорарно и немаат платени придонеси.

Се водиме како невработени, а имаме 4 а некои 8 часови работно време, но немаме здравсвено и пензиско осигурување. Со тоа не е загарантина нашата иднина. Додека сум млада можам да го работам ова, но за неколку години треба да размислувам како ќе се пензионирам. Тоа ќе  ме натера да излезам од ова аработа и да работам нешто друго, вели Рашела Лозановска, пероснален асистент

Од Здружението на спели лица велат дека  потребно е да се подигне свеста  кај населението за оваа исклучително хумана професија  дека може и на овој начин да се заработи, но потребно е државата да им обезбеди  придонеси на перосналните асистенти, за да се зголеми интересот, но и тие да останат покрај лицата со попреченост.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Викендов почнува летното сметање на времето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе