Мајка си ги уби трите малолетни ќерки, по што се обидела да изврши самоубиство, соопшти полицијата во Виена. Жената која е државјанка на Непал, неодамна се разделила од сопругот, а утринава во пет часот се јавила во полиција и кажала дека ги убила децата со тоа што ги задушила на спиење, и им најавила дека и таа ќе се убие.
Полицијата брзо дошла и во станот ги нашла безживотните тела на осуммесечното бебе, тригодишното девојќе, додека најстарото девет годишно девојќе се уште имало знаци на живот. Но, по долгата борба од лекарите за нејзиниот живот, таа починала во болница.
Мајката која се обидела да се самоубие, сепак не успеала, а повредите кои си ги нанела не биле опасни за животот на жената.
31-годишната жена е задржана на распит во полиција, а мотивот за оваа трагедија се уште не се знае.
Мајката и таткото на децата се повредиле меѓусебно при насилна расправија пред неколку недели. По инцидентот, властите му наредиле на таткото привремено да се исели од станот, соопшти полицијата.