Македонија

Протест на ВМРО-ДПМНЕ за незаконско трошење на европските пари за образование

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше протест против, како што истакнаа членовите на партијата, незаконското трошење на европските пари наменети за образование и образовни проекти.

Директорката Лидија Димова, кадар на СДСМ потрошила речиси 500.000 евра за тренинг на магаре, за испробување на сирење и за проекти со нејзиниот пријател кој што има фризерница. Мислиме дека е многу неморално во вакво време на пандемија и би било многу посоодветно овие 500.000 евра да биле потрошени за помош на болницата во Струмица, на болницата во Битола и на болницата во Тетово за обука на персонал и за поддршка на овие болници во борба против пандемијата или во најмала рака овие 500.000 евра да биле потрошени за купување на 2200 компјутери за деца кои што не можат да ја следат наставата во овие кризни услови. И затоа сметаме дека одговорноста не е само кај Лидија Димова, туку одговорноста е кај тие што ја поставиле, нејзиниот шеф Зоран Заев како и нејзината пријателка Радмила Шекеринска.

Милошоски рече дека по однос на изјавата дека членови на Владата ќе ја повикаат да даде оставка или ќе ја разрешат се стари трикови на Владата на СДСМ која кога сака да прикрие корупција и незаконско трошење на средства го прави овој повик за оставки.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рокас: План за раст и реформска агенда не се замена за полноправно членство туку алатка за подготовки

Дејан Дејан

Koалиција „Сите за правично судење“ бара непристрасна истрага без селективност за борба против корупција

Дејан Дејан

Викендов почнува летното сметање на времето

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе