Македонија Топ вести

Првиот ден од „Викенд без ДДВ“ без гужви по продавниците

Прв ден „Викенд без ДДВ“-  без очекуваните гужви и редици пред продавниците за ИТ опрема и за домашни производи.

Граѓаните кои останаа во главниот град за продолжениот викенд повеќе во прошетка по трговските центри низ Скопје, отколку со намера да ја искористат владината мерка со која целосно се враќа ДДВ-то од нивниот шопинг.

Оние пак кои се надеваа дека ќе се опремат со комјутери и ИТ опрема велат тешко можат да го најдат производот или пак цените се превисоки.

И трговците коментираат дека прометот и посетеноста во продавниците е нормална како и при обичен викенд, во некои дури и пониско од тоа.

Антикризната мерка „Викенд без ДДВ“ е дел од четвртиот сет мерки на Владата. Почнува од денеска и завршува во понеделник.

А граѓаните во овие три денови ќе можат да купат обувки, облека, храна, лекови, мебел, што се произведени во Македонија, да собираат сметки од кафеани, фризерски салони или да купат компјутери и ИТ опрема до најмногу 30.000 денари.

Храната и комјутерите се со 5 проценти ДДВ. Што би значело дека граѓаните за сметка од 30.000 денари ќе можат да добијат поврат од 1.500 денари.

Мерката важи само за граѓаните кои ја имаат апликацијата Мој ДДВ.

Сметките наместо 10 дена ќе може да се скенираат најдоцна до 3 дена од издавањето. А повратот граѓаните ќе го добијат на трансакциска сметка до крајот на месецов.

Владата очекуваше овие три денови на шопинг да отидат од 350.000 до половина милион граѓани, да потрошат од 170 до 250 милиони евра, и назад кај граѓаните да се вратат17 милиони евра од ДДВ. Дали ќе се остварат проекциите од оваа антикризна мерка, ќе се знае идната недела.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе