Економија

„JPMorgan Chase“ ќе плати казна од речиси милијарда долари за берзански манипулации

 Три американски регулатори синоќа истовремено објавија за постигнат договор со JPMorgan Chase за запирање на криминалната истрага во однос на оваа банка во замена за исплата на казна во вредност од 920 милиони долари.

Банката беше под истрага за манипулации со берзански тргувања на скапоцени метали како златo, сребро, платина и паладиум.

Во соопштение на Комисијата за трговија со стокови фјучерси (CFTC) се вели дека банката најмалку осум години, од 2008 до 2016 година, учествувала во незаконска манипулација со цените на скапоцените метали на главните берзи во Њујорк и Чикаго и на фјучерсните договори на Министерството за финансии, со тоа создавајќи „илјадници фиктивни набавки“ (spoof orders) за купување/продажба на споменатите активи. Овие зделки не се остварувале, но биле намерно регистрирани како такви за да се манипулира вештачки со цените на скапоцените метали.

-Оваа практика (spoofing) е нелегална, едноставно и јасно, изјави Хит Тарберт, раководител на SFTC. Се додава дека регулаторот ќе ги преземе потребните мерки за истрага и прогон на сите забранети активносто кои „го поткопуваат интегритетот на американската слободна трговија“.

Оваа практика била посебно под лупа на регулаторите по светската финансиска криза во 2008 година, но американската банка продолжувала да прибегнува кон неа во сопствена корист.

За запирање на истрагата во замена за исплата на високата казна соопштија и Комисијата за хартии од вредност и берзи и Министерството за правда на САД.

Ова е најголемата парична казна што досега ќе биде платена за ваков вид на берзански манипулации. Во сумата се вклучени 311.7 милиони долари оштета (исто така најголема казна), 173 милиони долари како повраток во корист на државата на сѐ што било стекнато по незаконски пат и казна од 436.4 милиони по оснава граѓански тужби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Се трупаат долгови во компаниите на ЕСМ, на листата должници се најде СОЗР, МАНУ и речиси сите државни институции

Дејан Дејан

Цените на нафтата растат, фјучерсите потонаа за речиси 500 поени поради извештаите за експлозии во Иран

Дејан Дејан

Овошје и зеленчук, реновирање, авионски карти со најголемо поскапување, зејтинот, мастите и природниот гас најмногу поевтиниле-Што ја скрои годишната инфлација од 4%

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе