Вести Македонија Најважни

Расправија со лекари ги натерало трите медицински сестри да поднесат оставки од Инфективна

Зорица Љубичиќ, Силвана Рогиќ, Дивна Бојчевска се хероите во скафандерите кои заедно со лекарите од инфективната клиника со месеци се борат со корона вирусот. Од денеска се на одмор и со барање за отказ. Причините да си заминат по децении стаж според трите медицински сестри на инфективната клиника се непочитувањето на профилот медицинска сестра.

„Причините за да ја напуштам Клиниката по 28 години професионална посветеност се многубројни, но би навела само една: Непочитување и деградирање на профилот медицинска сестра, како една од најважните алки во медицинскиот тим,“ вели Зорица Љубичиќ, главна сестра на Инфективна клиника

Нивните барања за отказ се најдоа на социјалните мрежи, а јавноста бурно реагира дека најпогодената клиника од пандемијата го губи кадарот заради негрижа на властите. Тие се изморени, а причината  е кавга со друго вработени на клиниката, вели министерот Венко Филипче кој по средбата со нив им ветил и подобар статус. Очекува да се вратат на работа откако ќе ги искористат законските одмори .

Се огласи и здружението на медицински сестри кое го осуди односот кон медицинските сестри. Трајно решавање во прболемите на медицинсктие сестри гледаат во ново зкаонско решение.

Додека Филипче ја спасува инфективната клиника од одлив на кадар, на годишно ниво 170 од 200 диполмирани лекари си заминуваат во странство. Како една од основните причини за заминување, медицинските работници ги посочуваат ниските плати и условите за работа, додека за младите доктори причина за иселувањето е и слабо организираниот систем за едуцирање на високо обучуван медицински и академски кадар, како начинот на добивање одредена специјализација.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Ковачевски: Разговараме со партии на повеќе нивоа

Дејан Дејан

Избирачките одбори во дијаспората со скрстени раце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе