Вести Македонија

Плати редовни, додатоци во СЈО дупли- Јанева за ивештајот на ДЗР вели: пораката е да се сотре борба против функционерска корупција

Над 282 милиони денари или околу 4,6 милиона евра се исплатени во СЈО како надоместок за почитување на тајност, а според ДЗР за исплата на овие пари ревизијата не обезбедила соодветен законски критериум.

Сумата е за повеќе од двојно поголема од збирот на основните плати на сите обвинители, стручни соработници и истражители во СЈО. Ревизорскиот извештај е објавен и во него ДЗР ги сумира сите исплати на вработените во СЈО, но тој извештај и преглед не е објавен поради доверливост.

Одлуката за договори за тајност која е доживотна обврска на сите кои имале пристап и ги преслушувале таканаречените бомби е доверлив документ и досега поради распуштањето на СЈО не е декласифициран. Поради тоа и ревизорските пресметки не се објавуваат 

јавно иако постои законакс можност да се тргне тајната од овие документи.

ДЗР за платите нема никаква забелешка, но забележале дека законските додатоци за доверливост, ризик и посебни услови за работа наместо 35 проценти од плата биле унифицирани за сите обвинители и тие месечно за ризикот добивале по 70 илјади денари плус на основната плата.

Најголемата забелешка на ДЗР е за тајните надоместоци за тајност односно 4,6 милиони евра исплатени на оние кои имале пристап и ги прислушувале таканаречените бомби, материјали поради кои беше формирано СЈО. Тие пари се разделени во сива зона, оценува  ревизорскиот завод.

-Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметките, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти, стои во извештајот на ДЗР на тема „Плати и додатоци на плати и други надоместоци во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.

По успешен предмет со казни за Шамарите во центар, прва со новинарите се соочи обвинителката Фетаи, но не коментираше зашто поради судење не го видела извештајот.

-Не е коректно да коментирам, а не сум го прочитала, одговори обвинителката Фатиме Фетаи, на новинарско прашање дали во СЈО имало додатоци и бонуси за тајност.

Кога бил напишан нацрт извештајот, во ДЗР во јуни беше однесена Катица Јанева од домашен притвор која се уште фигурира како одговорно лице. Тогаш се случи нејзин испад кога екс специјалната обвинителка се расоблекла пред ревизорите во знак на протест.

И во својот писмен допис, Јанева тврди дека ревизијата не ги зела во предвид законот за СЈО кој е специјален закон, ниту пак знае дали ревизорите ги нашле сите релевантни документи поврзани со ризиците на истрагите против високи функционери.

-4 години немаше проблем со исплатата, а се појави дури сега по гаснење на СЈО, тврди Јанева во дописот во кој спомнува и дека е незаконски осудена за случајот Рекет.

Дали пораката која на ваков начин се испраќа е: повеќе никој и никогаш во оваа држава да не се занимава со гонење на висока корупција, на начин како што го правев јас и СЈО, бидејќи на крајот, се ќе биде предмет на преиспитување, како што се случува сега, пост-фестум?, напишала Јанева.

Овој наод е направен откако ревизија барало Обвинителството за гонење на организиран криминал предводено од Вилма Русковска.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе потпишат Меморандум за соработка во областа на гасот – српскиот премир Милош Вучевиќ утре гостин на Мицкоски

Дејан Дејан

Ирмела и Јасмин беа неразделни – младиот брачен пар пронајден во прегратка под урнатините во Долна Јабланица

Дејан Дејан

Се активира ново свлечиште во Јабланица – продолжува потрагата по исчезнати луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе