Македонија Топ вести

Рангелова бара соочување со Мицкоски, вели правдата ја докажала а не се пазарела

Поранешната советничка и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова излезе задоволна од Кривичниот суд. Откако станала дел од обивнението за „Насилството во Центар“ пред 4 години, до денеска го чекала овој момент, но за цело време не изгубила верба во судскиот систем. Сега откако обвинителката го повлече обвинението, на сведоците кои свеодчеле против неа им порача дека тоа треба да им служи на чест а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски го повика да се соочат на дуел.

-Да не бев во овој обвинителен акт, ќе можев многу послободно да дејствувам изминатиот период, бидејќи бев обвинувана дека ќе се пазарам. Сега си ја докажав правдата и можам слободно вербално да се пресметам со тие што ме обвинуваа. Со овие аргументи сега се покажува токму спротивното што го тврдеа Мицкоски и ‘компанијата’ и сега можеме лично да се пресметаме на еден дуел, доколку цени дека треба да излезе со мене… Можеби не се чувствува за достоинствено дека треба да излегува со некој бивш функционер од партијата, но со оглед на моето партиско искуство би сакала очи в очи да се пресметаме, кој одработува за оваа власт, дали ние или тој, изјави Рангелова .

Судењето фрлило ново светло на настанот а исказите дадени во истрагата останале само перцепција на сведоците и не се докажале на главната расправа, објасни обивнителката Фетаи зошто се откажува од обивнението портив Рангелова.  Ниту еден доказ не покажал дека тогашната советничка за време на протестите пред општината, сторила инкриминрачки дејстивја.

Обвинението, Фетаи го повлече и за обвинетите Милан Андоновски и  Борче Богдановски и за останатите 7-мина кои останаа во обвинението побара соодветни санкции. За експремиерот Груевски и поранешниот министер Миле Јанакиески кои одговараат како потикнувачи на насилните протести. Законската одредба предвидува од 6 месеци до 5 години затвор.

За поттикнувачите треба да биде изречена максимална казна, затоа што предизвикаа такво насилство кое нанесе срам за државата, имаше реакции од амбасади, од меѓународни организации. Неказнивоста за овој настан имплицираше потешки насилства, како што се настаните од 27 април во 2017 година во Собранието, каде што првите двајца обвинети во овој случај се обвинети и таму, рече фетаи.

Фетаи го прочита прецизираното обвинение со последните измени за кои потенцираше дека не се суштински. Но одбраната, бараше враќање на предметот во доказна постапка затоа што имало големи промени. Прашаа каде е правната сигурност и рекоа дека се прави повреда на постапката. Адвокатот на Јанакиевски потенцираше и дека поттикнувачите не смеат да одговараат повеќе од извршителите, туку поблаго но и дека за овој случај обвинителството требало да поднесе обвинение за учество во толпа, но во тој случај ќе било застарено гонењето, па затоа поденел за за насилство.

-Обвинителниот акт го темели и во завршниот збор сега сака да го темели на исказот на Томислав Лазаров, кој признал вина. Но, Лазаров признал вина на сосема поинаков обвинителен акт. Дали на овој обвинителен акт, Лазаров ќе признаеше вина? Оние кои наводно ги поттикнал Миле Јанакиески се тргнати од новиот обвинителен акт. Останува Томислав Лазаров, кој признал вина на нешто сосема друго, изјави адвокатот Еленко Миалнов

Судијата одлучи предметот да продолжи со завршен збор. Адвокатите на Груевски и на Александар Трајковски кои побараа одлободителни пресуди. Во понедленик продолжуваат и останатите адвокати и обвиенти.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Вархеји: Следната Европска Комисија ќе биде Комисија за проширување и се надеваме дека ќе имаме многу јасни одлуки во текот на годината

Дејан Дејан

(живо)Џигал во Топ Тема: Проблем имаме со недоволно развиена политичка култура

Дејан Дејан

(живо)Кордалов во Топ Тема: Претседателските кандидати се уште се профилираат, соочени со фактот дека интересот е се помал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе