Македонија Најважни

Шеќеринска: Очекуваме помош, а не емоции

Од нашите сојузници, вклучително и од пријателска Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат, му одговори министерката за одбрана на нејзиниот бугарски колега Красимир Каракачанов, кој изјави дека Бугарија не е против, но смета дека не е време за одржување на меѓувладината конференција за почеток на пристапните преговори на Македонија во ЕУ.

Каракачанов во изјава за телевизија Европа вели дека бугарските власти ја усвоиле „рамковната позиција“ минатиот октомври, поради непочитувањето на билатералниот договор од страна на Македонија.

Каракачанов го обвинува и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, дека за три години не направил ништо за подобрување на меѓусебните односи. Димитров, пак, на дебатата на конференцијата посветена на Европската унија рече дека, сме предизвикани за нешто што не треба да биде спор или проблем во 21-от век во Европа – за тоа, кои сме и каков јазик треба да зборуваме.

Ова е право на самоопределување. Ќе биде многу тешко да се одржува големиот интерес од Договорот за Добрососедство, ако потфрлиме и ако поради оваа ситуација , немаме преговарачка рамка, ниту меѓувладина конференција, порача Димитров.

Вчера и премиерот најави дека најдоцна до средината на ноември ќе отпатува во Софија на средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Велибор Џаровски – Џаро

Дејан Дејан

Пендаровски поразен во Центар, Карпош и Кисела Вода, единствено води во Крушево и Маврово и Ростуша

Дејан Дејан

ДИК по обработени 99%: Предност од 182.386 гласови на Силјановска пред Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе