Свет

Во Лозана 2.500 студенти во карантин поради Ковид-19

Здравствените власти во Швајцарија одредија карантин за 2.500 студенти на престижниот Факултет за угостителство во Лозана поради појавата на голем број жаришта на вирусот Ковид-19.

Според властите во швајцарскиот кантон Во, мерката карантин се однесува на сите студенти на додипломски студии на тој универзитет.

Се претпоставува дека ширењето на инфекцијата се должи на организирање една или повеќе забави надвор од универзитетскиот комплекс, најверојатно пред воведувањето на нови анти-епидемиски мерки во тој кантон во средината на овој месец.

Од студентите, 11 студенти се позитивни на коронавирусот, но никој од нив не е хоспитализиран.

Универзитетот, кој има вкупно околу 3.500 студенти, ги презема сите неопходни мерки за продолжување на наставата преку Интернет.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) „Вие сте расипана“, Трамп напушти интервју бидејки го налутија прашањата на новинарката

Kristina Kuzmanovski

Маж со нож избоде шест лица на железничката станица во Њујорк

Kristina Kuzmanovski

Трамп ветуваше свет без војни, а сега вели не гарантирал дека ќе ги нема

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе