Економија

Рејнхарт: Заздравувањето на економијата може да трае и до пет години

Глобалното економско заздравување од кризата настаната од пандемијата со новиот коронавирус може да потрае и до пет години, изјави денеска главната економистка на Светска банка, Кармен Рејнхарт.

Најверојатно ќе дојде до брзо заздравување со оглед на тоа што сите рестриктивни мерки поврзани со блокадите се укинати, но целосната обнова може да трае дури и пет години, истакна Рејнхарт.

Таа истакна дека рецесијата предизвикана од пандемијата трае подолго во некои земји и оти ќе се влоши нееднаквоста така што сиромашните држави ќе бидат попогодени отколку богатите.

Првпат по 20 години глобалната стапка на ситомаштија ќе порасне по кризата, посочи Рејнхарт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавниот долг над 10 милијарди евра, годинава ќе ја пробие црвената линија

Дејан Дејан

ЕУ смирува: Засега нема знаци за недостиг од авионско гориво

Kristina Kuzmanovski

Македонија за прв пат избрана за членка во ЕКОСОК

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе