Македонија

Продолжува судењето за насилствата пред Општина Центар

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година.

Претходното рочиште на 17 август, судењето беше одложено поради промена на адвокатот на еден од обвинетите, кој побара судот да оствари простор да се запознае со предметот.

Процесот го води судијата Душан Јосифов, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Адвокатите на обвинетиот Миле Јанакиески, на почетокот на неделата во отворено писмо до јавноста, информриаа дека случајот влегува во завршна фаза и повикаа рочиштата да бидат набљудувани од преставници на невладините организации, медиумите и меѓународниот фактор.

Основна цел на оваа наша замолница е непосредно да бидете информирани од можеби и најважните рочишта за овој предмет,  на кое многу детално ќе биде образложена одбраната на обвинетиот Миле Јанакиески како и суштествените повреди кои се направени во досегашниот тек на постапката, се вели во писмото потпишано од адвокатите Еленко Миланов и Димитар Дангов.

Во овој предмет инициран од поранешното СЈО, што сега се води од скопското Обвинителство, се обвинети повеќе лица, меѓу кој и поранешниот премиер Никола Груевски (моментално во бегство во Унгарија), поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова и други лица учесници во насилните протести пред Општина Центар во 2013 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со дигитализирани и поврзани институции има поефикасна борба против корупцијата и подобри услуги кон граѓаните

Дејан Дејан

Пожарот над  Битола е под контрола, но се уште има неколку активни жаришта

Дејан Дејан

Тендерџијата Чифлигароски во бегство, неговите директори добија по две години затвор

Сашо Чавдаров

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе