Вести Свет

Протести и апсења во Белорусија, пред историската средба Лукашенко – Путин

И покрај забраната за протести, над сто илјади луѓе маршираа низ улиците на Минск, извикуваа „Да живее Белорусија“, „Лукашенко ти си стаорец“. Ги застана полицијата и на нив им извикуваа „фашисти“. Атмосферата на улиците беше напната. Беа поставени бодликави жици.

Проценките се дека над 150 илјади луѓе учествуваа во протестите кои влегоа во шестата недела. Не се откажуваат од барањето Лукашенко да го напушти речиси тридецениското владеење.

Сакам нешто да се промени во животот и во оваа држава. Ја знаете ли шегата на интернет? Во Белорусија, нема куче и мачка кои не се родени во времето на Лукашенко. Сакам тоа да се промени.

Масовните протести не застанаа само во Минск, се проширија речеиси низ целата земја. Во Брест, полицијата со водени топови ги бркаше демонстрантите. Само во Минск упасени се 400-тини демонстранти. Но според медиумите, апсењата и денеска продолжуваат.

Од Литванија, се огласи и опозициската лидерка Тихановскаја. Ги повика полицајците да застанат на страната на Белорусите.

Секој пат власта покажува дека не и е гајле за народот. Не скаат да не слушнат. Денеска гледав видео како насилен полицаец удира жена со задниот дел од раката, а потоа ја турнаа во комбето..тоа е дно.  И сега, полицајците треба да изберат. Ако ја изберат страната на народот, страната на законот, време е да кажат дека се со народот на Белорусија.

Критичарите на Лукашенко се надеваат дека големината на вчерашниот протест дополнително ќе ги поткопа денешните разговори на Лукашенко со неговиот руски сојузник Путин. Ова е доказ дека Лукашенко не ја контролира државата и не е во позиција да зборува во име на Белорусите, сметаат аналитичарите.

Лукашенко и Путин денеска за првпат се сртенуваат по претседателските избори во Белорусија на 9 август кои, според тврдењата на демонстрантите и опозицијата, беа наместени.  Ако Лукашенко обезбеди поддршка од Путин, тоа значително би ја обликувала иднината на Белорусија, правејќи ја целосно зависна економски и политички од Русија. Но Лукашенко е подготвен да ја плати таа цена за да остане на власт.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе