Македонија Најважни

Отворени каднидатски листи за локалните избори – Маричиќ најави измени на Изборниот законик

Кој ќе седне во општинските совети да зависи од граѓаните кои ќе можат да го заокружат својот фаворит од листата а не по редоследот по кој ги номинраат партиите. Министерот за правда најави измени во изборниот законик за отворени кандидатски листи. За воведување и на една изборна единица во цела држава наместо досегашните 6,  министерот вели дека СДСМ и сегашното мнозинство е за но ќе се бара поддршка и од другите партии. Изборниот законик се менува со  61 глас  но воспоставена е пракса овој закон да се менува со консензус потенцира  Маричиќ.

Од Алијанса за Албанците велат ќе поддржат законски измени за воведување на отворени листи од ВМРО ДПМНЕ не кажаа свој став. Според експертите, концептот на отворени кандидатски листи овозможува да се предлагаат и избираат кандидати со кредибилитет интегритет и добри резултати зад себе а не кандидати што ги номинира партијата и ќе и служат неа.

Иако како преoден модел би можел да се избере вториот со кој дел од советниците кои ќе влезат во советите ке бидат избрани според бројот на гласови добиени граѓаните а другиот дел според редоследот на кој ги номинирала партијата, Трошановски сепак посочува дека Макеоднија треба да се стреми кон целосно отворени листии и за парламентарните и за локалните избори. Различни модели на отворени листи има во повеќе европски земји мегу кои Италија Шведска Хрватска Белгија.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

ДКСК повторно одлучи дека академијата „Павел Шатев“ ги крши законите со тестирање на кандидати во изборен процес

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 19.04.2024

Дејан Дејан

Претседателски избори 2024 – Изборна хроника 19.04.2024.

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе