Култура

Директори местеле плати во културата преку новата систематизација

Од денеска започна исплатата на задоцнетите јулски плати во установите од културата, согласно новиот Колективен договор. Но, плати ќе добијат само 1/3 од вработените зашто кај останатите , раководителите местеле поединци да добијат повисоки плати, согласно новите систематизации на работни места или ја грешеле постапката и до сега не ги доставиле документите до Министерството за култура.

Од Синдикатот за култура бараат санкции за неодговорните директори. А, од ресорот Култура, кое ги враќа систематизациите на преработка, иако ја побаравме, не ја добивме листата на установи на кои им се вратени систематизациите.

Директори на дел од установите од културата местеле вработени да добијат повисоки плати со новата систематизација. Затоа Министерството за култура на тие установи им ги враќа систематизациите на преработка.Тоа е една од причините да не почне исплатата на задоцнетите јулски плати во сите установи од културата.

“Дел од директорите на институциите , не знаеме точно кои институции , кои директори , се обиделе на одредени вработени да им ги подобрат работните места и да ги распоредат на повисоки работни места, со изработката на новата систематизација и новите решенија.Токму заради тоа Министерството за култура ги бара и новите и старите систематизации , за дане се случи истото што се случуваше со нивелацијата за одредени луѓе да фатат подобри позиции и за да земат поголема плата” – вели Гоце Павловски, секретар на синдикатот за култура.

Поради вратена систематизација на доработка, над 500 вработени во Националната опера и балет деновиве нема да ги земат платите за јули. И во НУБ „ Свети Климент Охридски“ нема плати зашто систематизацијата се уште не е доставена до Министерството. Од Синдикатот за култура побараа Министерството за култура да ги санкционира несовесните директори. Иако ја побаравме, од ресорот Култура не ја добивме листата на установи на кои систематизациите им се враќаат. Од таму велат дека има разлики помеѓу старите и новите систематизации.

Вицепремиерот за економски прашања Битиќи побара директорите кои не ги завршиле обвските да ги напуштат функциите.

“Соодветните раководни лица кои не испорачале тоа што е очекување од граѓаните, јас мислам дека не треба да очекуваат некој да ги смени , туку сами треба да си заминат” – тврди вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

Новите систематизации се согласно новиот Колективен договор, на кој над 3000 вработени во културата чекаа 15 години.

Новата министерка за култура Ирена Стефоска, на минатонеделната средба со синдикатите рече дека по доставените систематизации и пресметки ќе бидат пуштени и платите за август.

Со Колективниот договор платите ќе пораснат, но има и намалување кај поединци кои неиздржано порано земале високи плати со одлука на директорите.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025

Дејан Дејан

Емил Рубен: Во градот нема премногу чист воздух

Дејан Дејан

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе