Свет

Колесникова: Ми ставија ќесе врз главата и ми се заканија со убиство

Белоруската опозиционерка Марија Колесникова тврди дека безбедносните службеници и ставиле ќесе врз главата и и се заканиле дека ќе ја убијат кога неделава насилно се обиделе да ја депортираат во Украина, се наведува во изјавата што денеска ја поднел нејзиниот адвокат.

Британските медиуми пренесуваат дека Колесникова изјавила дека е искрено се исплашила за својот живот.

„Особено ми беше нагласено дека доколку не ја напуштам Република Белорусија доброволно, тие сигурно ќе ме протераат, жива или во делови. Имаше закани дека ќе ме стават во затвор до 25 години”, напишала Колесникова во изјавата.

Нејзиниот адвокат изјави дека Колесникова поднесува кривични пријави против белоруските власти, вклучувајќи ја и безбедносната полиција – КГБ.

Колесникова, истакнат лидер на протестите против реизборот на претседателот Александар Лукашенко, го спречи обидот да биде протерана од земјата, со тоа што го искинала својот  пасош.

Таа во моментов се наоѓа во притвор во Минск.

Колесникова била приведена под сомнение дека сторила предавство, како дел од кривичната постапка за обид за преземање на власта, ја цитираа руските меидуми изјавата на нејзиниот адвокат.

Во понеделникот беше објавена неофицијална информација дека оваа истакната опозиционерка „исчезна“, односно дека маскирани лица ја турнале во минибус. Информацијата беше објавена ден по масовните протести против Лукашенка во Минск за време на викендот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

16 луѓе загинаа, а 36 се повредени во рускиот напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Ајатолахот Хамнеи го назначи првиот потпретседател Мокбер за вршител на должноста претседател на Иран

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе