Македонија Топ вести

Со секира и нож ја убил сопругата и избегал

Веста за убиството во гостиварската населба Бањешница денес ги потресе жителите на Гостивар. Жена на возраст од 60 години е пронајдена мртва во нејзиниот дом.

Осомничен за стореното кривично дело е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого жртвата подолго време имала нарушени односи.

Според првичните сознанија осомничениот ја нападнал оштетената, па со употреба на секира и нож и нанел повеќе убодни рани по телото. Случајот во СВР Тетово го пријавил синот.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во координација со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи, извршиле увид на местото каде е пронајдено тело на жена лишена од живот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Даниела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Со наградите за животно дело – започна 60-тото издание на фестивалот „Војдан Чернодрински“

Дејан Дејан

Од 30-мината кои земале плата од ИЈЗ без да доаѓаат на работа, останале само уште двајца или тројца

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе