Вести Економија

Никој не брои колку фирми што добија државна помош сега делат откази

Добиле државна помош за исплата на минимална плата, поминаа двата месеци до кога имаа обврска да ги задржат работниците, сега „на големо“ делат откази и прогласуваат технолошки вишок.  Вакви компании има многу, но никој нема бројка колку се, и колку работни места висат во моментов, ги кршат ли газдите законите и работничките права? Владата не го донесе новиот сет мерки за помош на граѓаните и бизнисот. Агенцијата за вработување има само податок колку компании испратиле најава до нив дека ќе отпуштаат, но не знае колку од нив земале државна помош за исплата на минималец. УЈП пак знае на кои компании им префрлиле пари за исплата на 14.500 денари на работниците за секој од трите месеци, но не знае дали и колку лица тие  ќе отпуштаат.

Од Владата пак чекаме одговор дали имаат анализа колку работни места висат во земјава, и колку се од фирмите кои користеле државна помош.

Бројката на Агенцијата за вработување покажува ека од јуни до сега, 430 компании испратле барање за отпуштање на 789 работници поради деловни причини. Така  само  за 9 денови од септември 55 компнии испратиле најави за отпуштања на 78 работници. Во август пак имало 132 компании кои планирале да отпуштат 191 работник.

Бизнисмените алармираат дека состојбата е лоша и апелираат побрзо да се донесе новиот пакет мерки за помош на бизнисот. Немаат бројки, но имаат најави за отпуштања. Во текстилната индустрија ситуацијата е драматична, бидејќи поради карантинот стојат залихите од пролетта, а нема нови нарачки. Велат ова ќе биде најтешката есен. Можни се илјадници откази.

Во овој момент текстилната индустрија вработува околу 30.000 луѓе. Ако кризата продолжи ако не се најде некоја мерка која ќе го намали бројот на намалување на работни места или поконкретен да бидам државата да учествува во покривање на дел од трошоците за задржување на работните места. Значи ако не се направи такво нешто во текстилот е можно од 5.000 до 7.000 работници да останат на улица, вели Ангел Димитров, ОРМ

Од синдикатот велат немале толку многу поплаки од компании каде има синдикат, бидејќи и работодавците знаат дека треба да ги испочитуваат законските процедури

Државата за три месеци подели околу 80 милиони евра на по околу 19.000 компании за исплата на минимална плата на над 120.000 работници. Дел од нив завршија во Обвинителство бидејќи парите наменети за работниците си ги ставиле во џеб. Во меѓувреме пак од март до јуни, бројот на отпуштања кои го регистрираше Агенцијата за вработување порасна за над 25.000 лица. Бројките заклучно со август- ги нема.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе доцни социјалната помош, од министерството ги замолуваат граѓаните да се стрпат

Дејан Дејан

Иранската фудбалска репрезентација доби визи за влез во САД пред светското првенство

Дејан Дејан

Ерменија пред утрешните избори – Русија го зголемува притисокот врз прозападната влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе