Вести Економија

Со субвенции за извоз на винско грозје- владата планира решавање на лозарската криза

Субвенции за извоз на илјадници тони винско грозје во странство- ова е предлогот на владиниот тим предводен од премиерот Заев и министерот за земјоделие Аријанит Џафери кој е даден во Кавадарци по двочасовната средба со лозарите.

Премиерот во изјавата рече дека е понудена нова помош за откупувачите на винско грозје кои ќе може во странство да го извезуваат откупеното грозје. Доколку извезат до 12 милиони тони винско грозје откупувачите ќе добијат по два денари субвенција, доколку се извезе до 25 милиони килограми винско грозје за секој килограм ќе добијат по 3 денари субвенција, а доколку извозот на винско грозје надмине 25 милиони килограми субвенцијата ќе изнесува 4 денари по килограм.

Целта е да се откупат и извезат сите вишоци на грозје, истакна Заев кој побара разбирање за состојбата и правични цени и од винарските визби  за да се надмине тешката лозарска година. На сила остануваат и субвенциите за лозарите кои ќе продадат грозје на винариите, како и државната помош за транспортот на вино за извоз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Припадник на АРМ убиен во престрелка во Батинци

Дејан Дејан

Уапсен битолчанец кој со нож нападна сограѓанин на пазарот во Битола

Дејан Дејан

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната го спори вештачењето, за обвинителство тоа е беспредметно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе