Редици читатели со заштитни маски, мерење температура и дезинфекција во очекување на својата средба со омилените автори и новите изданија на Саемот на книга. Барем за миг под овие шатори низ пишаниот збор, најновите преводи и сложувалките за различни возрасти се одвива тој културен дијалог кој ви дава чувство дека го имате светот на дланка.
Самиот процес да се организира Саемот на книга подразбира низа протоколи и зелено светло на надлежните институции.
Со оглед на целата ситуација која на глобално ниво ја зафати и оваа индустрија и многу посериозни од оваа верувајте дека беше огромен предизвик. Пред се затоа што беше важно да се создадат самите протоколи за можност што поголема публика да дојде на Саемот на книга, се чекаа протоколи и се работеше деноноќно за да се издизајнираат штандовите на ваков начин и да бидат претставени и да има поголема циркулација на луѓе, во одреден период одредена бројка итн – Снежана Гиевска, организатор.
- Сите се соочуваме со големи предизвици во моментов и од економски аспект и како компании кои имаат вработени и треба да одат на работа. За сите ова е предизвик, меѓутоа мислам дека нашата индустрија како индустрија читањето и како целата пандемија влијае на нас и навиките мислам дека не сме како други гранки загрозени – Бојан Саздов, Македонска асоцијација на издавачи.
Радува фактот дека гледам толку многу луѓе, различни генерации кое се обединија во светот на книгата, вели Рембер директор на Францускиот институт.
Изолацијата е еден посебен момент, момент на една релативна осаменост каде што повторно другарувате со книгата. Но фактот дека гледам толкава посетеност на Саемот на книгата е сепак претпоставка дека по тој период на изолација доаѓа до создавање до создавање на повторна врска со книгата – Емануел Рембер, директор на Францускиот институт.
- Белетристиката е она кое што луѓето го бараат бидејќи во ова тмурно време сакаме да се расположиме, да читаме поинтересна содржина. Всушност тука се романсите, трилерите, современите класици, но интересно е што не паѓа интересот за нашата современа литература. Македонските автори земаат се поголем терк кај нас – Душко Трифуновски.
Саемот на книга во чии рамки ќе се претстават 40-тина издавачи за прв пат се одржува на отворено поради пандемијата со Ковид 19 и за посетителите ќе биде отворен до 14 септември.
Нина Стефанова