Култура

„Статуа фест“ со пораки за заштита од Ковид-19

Комуницирајте на дистанца и почитувајте ги протоколи за заштита од Ковид- 19,  за здравствените работници малку да се одморат, порачаа учесниците на фестивалот на живи статуи „ Статуафест“ , кој викендов се одржа во Скопје. Актери и улични артисти низ различни актови покажаа повеќе ситуации од запрениот живот со доаѓањето на пандемијата.

Центарот на Скопје винкендов помина во знакот на 4 издание на „ Статуа фест“. На плоштадот и на потегот кон Порта Македонија, 11 актери, пантомимичари и улични артисти, низ 9 „ замрзнати сцени“ го покажаа запрениот живот кај нас со пoјавата на пандемијата со Ковид-19 , од март наваму. Од енормната побарувачка по тоалет хартија,преку музичарите кои останаа без работа и неможноста да се патува во странство, до осиромашените угостители заради затворањето на објектите.

  • Тоа се само едни од погодените од стравот од короната. Затоа ова е мојот мал затвор. И осиромашени, секако. Затоа е шеширот тука – Дарко Велиќ- пантомимичар и актер.

Но, не сите учесници беа скаменети. Мето Јанакиевски како полицаец и Марија Кондовска во улога на здравствен работник, ги доловија ретките професии кои напорно работат од почетокот на пандемијата, дури и во деновите кога сите граѓани мораа да останат дома.

  • Треба да се почитуваат мерките за здравствените работници да имаат помалку работа. Да бидат и тие дома со семејствата , да се одморат. Тоа е главната порака – Марија Кондовска- актерка.

Зад организацијата на „Статуафест“ стои здружението „ Театроск“.

  • Сакаме луѓето преку мерките кои ги покажуваме и кои што се насекаде , да станат уште посвесни и да ги почитуваат заради т.н. втор бран што следува. Имено, постулатот на овој фестивал е тоа дека сите сме исти . Затоа сите артисти се облечени во иста боја. Дека сме табула раза и дека короната не бира и дека нема правила – Милена Цветановска- организатор на „ Статуафест“.

Поради пандемијата, на годинашното издание на „ Статуафест“, изостана учеството на странски артисти, како порано.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025

Дејан Дејан

Емил Рубен: Во градот нема премногу чист воздух

Дејан Дејан

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе