Вести Свет

Силвио Берлускони позитивен на коронавирус

Поранешниот премиер на Италија е позитивен на корона вирусот, соопштуваат од неговиот кабинет. 83-годишниот Берлускони е во својот дом во изолација и работата ќе ја продолжи од таму, се додава во соопштението. Интервјуата за поддршка на неговите сопартијци за претстојните избори ќе ги прави од дома.

Берлускони немал никави симптоми, и според докторите се чувствувал добро, но останува во изолација.

Италијанскиот медиумски могул беше премиер во четири влади, од 1994 до 2011.

Во 2018-та списанието Форбс го рангираше на 190-то место по богатство во светот, со заработка од шест милијарди долари.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

45-ти Марш на ангелите во Кочани – Правдата да не остане без крај а вистината да не остане без глас

Дејан Дејан

Уапсен 43-годишен жител на Шишево – пукал со огнено оружје кон соселанец и го погодил во увото

Дејан Дејан

Општина тетово и даде помош од 18.000 евра на ИВЗ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе