Вести Македонија Топ вести

Пратеник позитивен на Ковид-19, вечерва гласа од посебна просторија

Пратеник од мнозинската коалиција е позитивен на Ковид-19. Но тој вечерва е во Собранието за гласање на новата Влада. Претседателот Талат Џафери одобрил да го внесат во посебна соба во куполната сала, со посебен протокол за гласање.

Ова го потврди и претседателот Талат Џафери.

„Еден пратени ќе гласа од посебна просторија, согласно од препораките од Министерството за здравство за спречување на ширење на Ковид-19. Нема потреба од паника, бидејќи се превземени сите мерки. Ќе гласа од посебна просторија“, рече Џафери.

Станува збор за пратеникот од ДУИ, Арбен Зибери, јави ТВ21. Тој два дена не доаѓал на работа, а денеска согласно сите препораки бил сместен во посебна просторија во Собраниската сала под куполата.

Зибери претходно ја извршуваше функцијата на директор на Центарот за јавно здравје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Што ќе значи новиот европски нон-пејпер за бугарските барања кон Македонија?

Дејан Дејан

Спасувале животи за време на пожарот во „Пулс“-тврдат обвинетите полицајци

Дејан Дејан

Мешовитата историска комисија на Македонија и Бугарија со нула напредок – со години заглавена кај учебникот за седмо одделение

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе