Вести Македонија Најважни

До полноќ нова Влада

Во Собранието продолжува собраниската расправа за избор на новата влада, предложена од мандатарот Зоран Заев.
Вчера во своето експозе пред пратениците, Заев се осврна на приоритетите на новата влада, со акцент на економијата и социјалната политика.
Ова е мала Влада што ќе ја предводам, посочи Заев, во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.
Во експозето за предложениот нов состав на Влада Заев им порача на кандидатите за министри дека од нив очекува одговорност, како и да ги стават интересите на граѓаните и државата на прво место.

Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.
– Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е 20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да оствариме раст од 4 посто, рече Заев во експозето.
Најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика. Ќе продолжиме, најави Заев, со инвестирање во нови патишта и автопати и железничка инфрастурктура.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе