Вести Свет Топ вести

На Европејците им е „доста“ од заштитните маски, излегоа да протестираат

Наглиот пораст на заболени од корона вирусот во речиси сите европски држави не ги плаши противниците на воведените мерки за борба против пандемијата. Речиси 20 илјади луѓе излегоа низ улиците на Берлин да протестираат против носењето заштитни маски. Никој од присутните не ги почитуваше мерките за социјална дистанца, по што реагираше полицијата и им порача на илјадниците да го прекинат протестот. Берлин неодамна ги забрани протестите како дел од епидемиолошките мерки, но за денешнот протест активистите испратиле илјадници апликации до Градот. А на социјалните мрежи имаше и закани за насилство, што за надлежните протестот навлегува во сосема нова димензија.

На денешните протести учествуваат и радикални десничари, а се вееше и знамето со нацистички симбол. Тoкму овие учесници предизвикаа судир со полицијаците, а крајот резултираше со неколку уапсени.

Иако Германија е една од земјите кои добро се справи со пандемијата на самиот старт, сепак деновиве бележи зголемен број на инфицирани, што предизвика загриженост кај властите, кои предупредија дека е рано да се слави.

Со петото место по број на починати во светот, Британците ги обвинуваат властите за погрешниот пристап во борбата со вирусот. Она што е премногу е премногу, објаснија демонстрантите кои во огромен број се собраа на Трафалгар плоштадот.

Сега е клучен момент за нашето општество и цивилизација да кажеме „доста е“, а и на нашите пратеници да им кажеме дека не сакаме да ги зајакнат мерките против корона вирусот, а ако го сторат тоа ќе треба да бидат одговорни за штетите што ги прават врз нашето општество.

 

Мерките кои се преземени против КОВИД се непотребни тука, кога свинскиот грип имаше повисока смртност од КОВИДОТ. Ни кажуваат дека маските се задолжителни, без луѓе во рестораните, ништо од ова нема смисла. Има премногу неодговорени прашања, а луѓето веќе ги поставуваат.

 

Британците се дополнително загрижени и од вакцината против корона вирусот која властите ја најавуваат дека ќе биде задолжителна, за разлика од останатите вакцини во државата кои се примаат по сопствен избор.

И на Парижани им е доста. Франција бележи рапиден скок на бројката на заболени, што за претседателот Макрон беше доволно да нареди насекаде задолжително носење маски.

До пред почетокот на летото, битката со пандемијата се водеше во болниците, но сега како да се префрли на улиците, каде најголема работа имаат полицајците кои ги потсетуваат луѓето да ги стават заштитните маски на лицето.

Алиса Шутиноска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Дејан Дејан

САД донираа ново мобилно опертивно возило за Црвен крст за справување со кризи

Дејан Дејан

Комората на трговци незадоволна од скалестата маржа, бара нова средба со Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе