Македонија Најважни

Превирањата во ДУИ го успоруваат изборот на новата влада

Предлогот на новата влада ќе биде доставен до Собранието на почетокот од идната недела. Иако најавите и очекувањата беа тоа да се случи утре, можно е да се одложи поради превирањата во ДУИ околу министерските места. Крајниот рок за доставување на предлогот за нова влада до Собранието е 2 септември или уште седум работни дена.

Неофицијалните информации се дека денеска, најдоцна утре треба да се расчистат работите во ДУИ за тоа, кои ќе бидат конечните имиња кои ќе бидат предложени за министри, за што викендов имало средби на претставници од штабот во Мала Речица со претставници на незадоволните крила на партијата во Чаир и во Сарај, а не е  исклучено утре да биде одржан и состанок на раководството на партијата.

Незадоволството најмногу е поради предлогот Артан Груби да седне во вицепремиерската фотелја, задолежен за политички систем и Бујар Османи да биде иден шеф на дипломатијата, додека двете крила на ДУИ од Сарај и Чаир се лути дека не добиле ниту едно функционерско место.

Иако се чинеше дека духовите во ДУИ се смирени откако поранешниот градоначаник на Чаир Изет Меџити лично во петокот, во име на мнозинството во Собранието го предложи за  кандидатот за претседател, Талат Џафаери, за кого сите 15 пратеници на ДУИ кренаа рака, неизвесноста околу тоа кога ќе биде поднесен предлогот за новата влада, покажува дека воените секири во ДУИ тогаш биле само времено закопани.  Од ДУИ денеска никој не беше достапен за информација што се случува во партијата околу имињата за министри и дали нивната листа е конечна, откако вчера на неа беше додадено и последното име за иден министер за информатичко општество и администрација, Јетон Шаќири.

Информациите се дека со тоа се смирило струшкото крило на ДУИ, кое исто така спред неофицијалните информации било незадоволно од првичните кадровски решенија на за министри.

Од СДСМ за Телма информираат дека нивната листа на министри е конечна и оти очекуваат целата листа на министри да биде доставена до Собранието на почетокот од претстојната недела. Кандидатите за министри од СДСМ веќе до партијата ги доставиле своите биографии кои со предлогот за идната влада ќе биде доставена до Собранието.

Но освен во редовите на мнозинството во Собранието, неизвесност околу новата влада има и во редовите на опозицијата.

Во ВМРО-ДПМНЕ се уште не решиле дали ќе гласаат или ќе ја бојкотираат собраниската седница за новата влада и информираат дека дополнително ќе известат за начинот на кој на денот на гласање ќе го кажат своето „не“ за идната влада.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе