Македонија

Мицкоски го нема, a и Кавракова од скопскиот комитет на УЖ бара оставка -Му слугуваат на Заев, одговор од ВМРО-ДПМНЕ

Продолжуваат барањата за оставка на Христијан Мицкоски од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ. Денеска со писмено обраќање оставка побара Марина Кавракова, претседателката на скопскиот градски комитет на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ која беше дел и од иницијаторите што пред два дена ја бараа оставката и пред партиското седиште.

Кавракова го оцени досегашниот мандат на опозицискиот лидер Мицкоски за неуспешен и дека го дели партиското членство на подобни и неподобни. Резултатите на изборите покажаа дека предизборните анкети пласирани од Мицкоски биле нереални.

-Се покажа дека Мицкоски бил лажна надеж. Се покажа дека нема капацитет да ја консолидира партијата, наместо тоа тој го подели членството на кредибилни и некредибилни, на инфицирани и неинфицирани работи, соопшти Кавракова која бара вонреден конгрес за смена на сегашниот партиски претседател.

Од друга страна партиските членови лојални на Мицкоски го подржуваат и тврдат дека иницијаторите за негова оставка му слугуваат на Зоран Заев, наместо да се борат против него. Мицкоски и втор ден по барањето, не се обрати во јавноста, но од партијата велат дека ги спроведува редовните активности како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Во однос на тоа прашање за барањето на оставка од поранешни функционери кои што одлучиле да слугуваат на Зоран Заев, наместо да се борат против неговиот криминал не би имале што повеќе да додадеме и веќе неколку пати го имаме кажано нашиот став. Претседателот на партијата господинот Мицкоски е тука со секојдневните свои тековни обврски, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе