Македонија Најважни

Средношколците на протест на 4 дена пред почетокот на учебната година, бараат комбинирана настава

Помеѓу средношколците владее расположение за протести. Сојузот одлучи – во петок, на само четири дена од почетокот на учебната година од улица ќе испратат порака до властите дека комбинирана настава е тоа што го бараат во време на пандемија.

„Здравјето е пред се и ние не настојуваме на настава со физичко присуство“ велат оттаму. Тие изготвиле и свој предлог-план и протокол за од идниот месец. Во него, една од главните точки е здравствените власти да разгледуваат одделно по региони каква е епидемиолошката слика на вирусот, а потоа да одлучат како да се спроведува наставата во различни места.

Средношколците деновиве го кренаа својот глас во јавноста откако го разгледаа моделот кој го понудија од Министерството за образование и наука. Сметаат дека сите нивните предлози и забелешки биле игнорирани кога се носела одлуката за онлајн настава.

На заедничката прес-конференција на министрите за образование и за здравство која ја одржаа во вторникот, не беше соопштено дефинитивно кога ќе тргнат децата на училиште бидејќи потребни се измени во Законот кој предвидува должина на час и почеток на учебната година.

Вчера од Сојузот на средношколци беа поканети и на состанок во Владата. Дополнително, министерот за здравство Венко Филипче ги покани да присуствуваат на состанок на Комисијата за заразни болести.

Од Сојузот за Телма информираат дека таа средба ќе се реализира најверојатно во понеделник, бидејќи се уште чекаат официјална покана од Комисијата. И додека кај нас надлежните се уште се подготвуваат, на други места учебната година веќе започна, а со тоа почнаа и проблемите.

Во Берлин веќе две недели се отворени училиштата, а коронавирусот се појави во повеќе од четириесет училишта и покрај насоките да се носи маска на часовите и на одморот. Сега стотици професори и ученици се во изолација.

Во регионот, пак, идниот месец се отвораат училиштата.

На 7 септември во Грција ќе започне настава со физичко присуство. Недела дена потоа, ќе се отворат училиштата и во Бугарија на ист начин како и сите претходни години кога немаше пандемија.

Србите се одлучија за комбиниран модел на настава.

Од Светската здравствена организација предупредија дека маските не се единствена заштита за децата безбедно да тргнат на училиште и ја нагласија потребата од борба со вирусот и на местата каде што децата и професорите живеат, а не само во училиштата.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра – поранешниот градоначалник на Ново Село фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Груевски од ЛДП во „Топ тема“: ВМРО-ДПМНЕ тешко дека ќе може до уште еден пратеник во петтата изборна единица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе