Македонија

Нов охридски трилер: Топалоски го амнестира Нефи, но дали пиштолот ќе биде „избришан“ од снимките

Полицијата и натаму трага по советникот во општина Охрид, Нефи Усеини за кого е определена мерка притвор и е во бегство. Потрагата по Усеини продолжува и покрај пишаната амнестирачка изјава од неговата жртва Спирко Топалоски кој сега тврди дека само се скарале со советникот и не видел пиштол.

Преку својот адвокат, Топалоски испрати писмена изјава во која тврди дека разговарале со советникот Усеини и дека тогаш добил удар одзади. Жртвата Топалоски сега го брани напаѓачот тврдејќи дека приказните прераснале во филм за да му се наштети политички на Нефи Усеини и да се дискредитира неговото име.

Сопствениот стрес по ударот придонеле да стекне впечаток дека е нападнат со пиштол иако тој оружје не видел, стои во писмената изјава на Топалоски. Нападнатиот тврди дека неговиот напаѓач му е и ќе му остане пријател и по ова недоразбирање кое е надминато. Неговиот адвокат Христијан Спировски потврди дека изјавата е од Топалоски и не сакаше да коментира повеќе бидејќи во тек е истрага.

Полицијата и охридското обвинителство го гонат Нефи Усеини и неговиот брат за две кривични дела, насилство и недозволено држење на оружје откако на снимки од безбедносните камери на местото на инцидентот е видено како се одиграл нападот и дека таму навистина бил изваден и пиштол.

Усеини е во бегство, а судот по барање на обвинителство му определи 8-дневен притвор. Нема информации дали Усеини избегал од Охрид и државата, иако првичните претпоставки е дека тој е во градот.

Усеини е советник на ДУИ во општината, а стана позната по повеќе дивоградби во градот и околината кои досега не се отстранети освен бетонската база на влезот во Охрид.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Сашо Мијалков во четврток излегува од затвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе