Македонија Најважни

Џафери: Ќе бидам претседател и на пратениците кои ме гласаа и на оние кои беа против

Талат Џафери со 62 гласа „за“ и 43 „против“ од пратениците денеска беше реизбран за претседател на десетиот состав на Собранието.

На изборот претходеше неколкучасовна дебата во која од собраниската говорница 20-на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и претставниците на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива и на Левица, изрично соопштија дека нема да го гласаат Џафери за претседател. Пратениците од Алијанса и Алтернатива во знак на протест не ни присуствуваа на гласањето, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата по гласањето, пред Џафери да ја потпише свечената изјава. Од парламентарното мнозинство на СДСМ, ДУИ и ДПА, освен за реплики на изречените обвинувања на семетка на партиите, никој не побара збор за точката од дневниот ред – избор на собраниски спикер. Сепак Џафери по изборот им се забалгодари и на едните и на другите.

Јас останувам конзистентен на моите ставови дека и во наредниот период ќе бидам претседател на сите 120 пратеници, без оглед дали гласале за или против или воопшто не гласале. Секако, ова ќе биде период на предизвици за парламентарното мнозинство, а и за опозицијата, изјави Џафери.

Тој рече дека очекува и конструктивни дискусии во законодавниот дом, а денеска во повеќе наврати ги предупредуваше пратениците да се држат до темата, а на дел од новите пратеници во неговиот стил им укажуваше како треба да се однесуваат.

Во четиричасовната дебата иако пратениците од ВМРО-ДПМНЕ повеќе време посветија на своите политички противници СДСМ,  на што од редовите на социјалдемократите во неколку наврати реплицираа, од ВМРО-ДПМНЕ се му посветија и внимание и на Џафери.

По изборот на претседател, партениците веднаш премина на третата точак од коститутивната седница – избор на Комисијата за прашања за избор и именувања чии предлози за членови веќе беа усогласени меѓу партии со што изборот без поголема дебата се заврши за 15-минути. Со Комисијта ќе претседава Костадин Костадинов од СДСМ. По завршувањето на конститутивната седница се очекува идната недела пред пратениците да се најде предлогот за новата влада.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сејдиу од коалиција „Вреди“: Ние од секогаш сме имале сомнежи во ДУИ

Дејан Дејан

Уапсениот врховен судија Наќе Георгиев е однесен во полициска станица

Дејан Дејан

Се прегласува на седум гласачки места – изборен молк на полноќ поради прегласување за парламентарните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе