Македонија Топ тема

Училишната година неизвесна – децата на државни натпревари во шах

Пандемијата од Ковид ниту неизвесноста околу училишната година не ја поколеба Шаховската федерација да одржи Државно првенство за млади шахисти. Досега се пријавени 60 натпреварувачи, а има протокол за тоа како ќе се натпреваруваат. Правилата како дезинфекција, растојание и се што е вообичаено насекаде во последните месеци – важи само во салата каде што ќе се игра. Но, што е со времето кое што младите шахисти ќе го поминат надвор од салата и како тие ќе бидат заштитени во времето додека трае турнирот, прашува Александар Табаковски кој и самиот тој е родител на млад шахист, но против за учество на ваков турнир.

Табаковски смета дека Федерацијата се обидува да се дистанцира од одговорност со изјавата која што родителите на децата се должни да потпишат дека самите ја сносат одговорноста за евентуална трансмисија на вирусот Ковид-19. Од Шаховската федерација на Македонија велат дека никогаш не биле одговорни, ниту пак сега се одговорни, за поведението на учесниците на турнирот додека не траат натпреварите.

Шаховска федерација на Македонија: Ова било ситуација и на минатите првенства и исто така е и сега, ништо во овој контекст не е сменето  во овие специфични услови. Организаторот е должен да понуди зможност за сместување на играчите и тренерите и родителите, но тоа е исклучиво нивна одлука каде тие сметаат дека треба да бидат сместени и како треба да се однесуваат за да бидат безбедни.

Од Федерацијата велат дека во една сала може да бидат максимум 48 играчи на маси одвоени најмалку 3 метри една од друга. Фигурите ќе се дезинфицираат после секоја партија. Протоколот со овие и други правила го одобрила Комисијата за заштита од заразни болести.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гордана Силјановска Давкова 61,98%, Стево Пендаровски 30,48% – ДИК со првични резултати за претседателските избори

Дејан Дејан

Меџити: Коалицијата Вреди е победник во албанскиот кампус, Али Ахмети е најголем губитник

Дејан Дејан

Први поенти од завршените избори- обезбеден цензус за претседателски избори, тивок бојкот на ДУИ со потврда од Арбер Адеми кој јавно соопшти дека не гласал

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе