Економија Најважни

Напад врз банките од клиентите на Еуростандард- стечајниот управник вели за 10 дена ќе се знае состојбата

Понеделнички, редовите во банките се одолжија. Покрај редовните, сите банки се под своевиден напад на доскорешните клиенти на Еуростандард банка кои досега земаа плата и пензија преку банката која отиде во стечај. Многу банки веќе нудат поволности за ново регрутираните муштерии кои преку новите трансакциски сметки ќе земаат пензии и плати, а такви граѓани со трансакциски сметки во Еуростандард биле вкупно околу 137 илјади. Нови сметки отвараат главно пензионери и без разлика на здравствената и физичката состојба мораа да дојдат лично во банките.

Една од нив успеа да ја префрли пензијата, но нејзиниот син не успеа да го префрли социјалниот трансфер туѓа нега. За пензионерите и вработените рокот е нови сметки да отворат до 21-ви август односно до крајот на оваа работна недела, додека социјалните примања треба да се префрлат најдоцна до наредниот вторник за да може сите да добијат пари.  Нови сметки отвараат главно пензионери и без разлика на здравствената и физичката состојба мораа да дојдат лично. Поради напливот на нови клиенти се створија гужви и за редовните клиенти кои чекаа и по неколку часа за да завршат работа.

Проблем остануваат фирмите кои имале сметки во Еуростандард. Сите нивни пари остануваат заробени во стечајната маса. Додека фирмите не отворат нови сметки во други банки нема да може да исплаќаат плати на своите вработени и да исплаќаат долгови и фактури кон добавувачи без разлика дали имале пари на сметката во Еуростандард ниту да примаат пари од сопствените должници. Граѓанскиот суд објави дека првото рочиште за стечајната постапка на Еуростандард ќе се одржи на 8-ми октомври и тогаш ќе треба да се пријават доверителите. Стечаен управник е Душко Тодевски кој последните неколку години го води и стечајот на Експорт-импорт банка. Тодевски во телефонски разговор ни изјави дека денеска го подига решението за стечајот за веднаш да почне јавната објава преку службен весник и медиумите.

-Денеска од судот го земам решението и веднаш ќе бидта објавени известувања. Откако ќе влезам во банката во наредните десет дена ќе се утврдуваат депозитите и сметките за да се провери состојбата и ќе се споредат податоците со оние во Фондот за осигурување на депозити и во Народната банка. Се со цел за да може да има побрза исплата на оние депозити до 30 илјади евра, вели Душко Тодевски, стечаен управник на Еуростандард.

Еуростандард предизвика големи бранувања во банкарскиот сектор иако банките и Народната банка уверуваат дека до стечајот морало да дојде и дека секторот е безбеден. Сопственикот Трифун Костовски пак смета и обвинува дека стечајот е намерно подигнат за да се уништи банката во која тој вложувал во зиминатат година додека траел периодот на контрола од НБМ. Во тој период на ревизија од НБМ, министерката за финансии успеала да подигне над 200 илјади евра од Еуростандард и да ги вложи парите во инвестициски фонд и да купи стан. Прашањето е дали однапред ја знаела судбината на Еуростандард, а предмет за потенцијален судир на интереси денеска отвори иантикорупциската комисија која ќе утврдува дали министерката згрешила етички или кривично. Ангеловска тврди дека парите ги заработила пред да стане министер и не извршила злоупотреба со своите инвестиции.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Врховен судија фатен со 10.000 евра

Дејан Дејан

Цената на струјата ќе се намали, ако стигне понуда за поевтин мегават од сегашните 58 евра на ЕСМ

Дејан Дејан

Грција засега не размислува да го раскине Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе