Македонија Најважни

Школската година не започнува пред 15-ти септември

Он- лајн или во училница – школската година нема да почне пред 15 септември. Законот за основно и за средно образование морат да се сменат без разлика што ќе биде конечната одлука – велат од МОН.

Последниот предлог на комисијата за заразни болести кој вчера бил испратен до кризниот штаб на министерството е најмалите од прво до трето одделение да седат во училишните клупи, а од погорните одделенија да ги слушаат лекциите од дома.

Роковите течат, на ред е Владата која треба да ги прифати барањата кои ќе ги спремат МОН и комисијата, но без собрание не можат да се променат законите кои беа донесени година, а се важни затоа што со нив се одредува колку ќе траат часовите, дистанца помеѓу клупите во една училна, старт на учебната година онлајн.

И покрај бројните дилеми како за еден месец ќе се организира образовниот процес, од министерство со став дека наставниците мора да се вратат на своите работни места – безразлика дали во училниците ќе има ученици или само компјутер преку ќе имк предаваат на учениците додека тие се дома.

И додека МОН се уште нема излезено со јасни насоки што ќе се случува со децата со попреченост, народниот правобранител и хелсиншки комитет  бараат на овие ученици да им се овозможи да одат на училиште, бидејќи од почеток на пандемијата да се овозможи да можат да одат на училиште, бидејќи голем дел од нив кога школсите се затворија не следеа онлајн настава.

Детските психолози предупредуваат дека најголемиот товар од корона вирусот е паднат на родителите кои во овој период се и другари, наставници, психолози на своите деца. Според психологот Мирјана Јовановска Стојановска не треба да се избрзува со носење на одлука како ќе почне наставата и дека најважно е здравјето  на децата.

Инаку училиштата беа затворени на 11 март, предходната учебна година заврши онлајн, а новите прегвори на реалација МОН – Комисија за заразни болести течат веќе втора недела.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ДИК по обработени 99%: Предност од 182.386 гласови на Силјановска пред Пендаровски

Дејан Дејан

Резултати од прв изборен круг: Силјановска и Пендаровски во втор круг

Дејан Дејан

ФОТО ВЕСТ: Втор круг реприза од 2019-та, Силјановска и Пендаровски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе