Полицијата ноќеска во Тетово лишила од слобода 43-годишен тетовец поради сомнение дека предизвикал пожар во две возила сопственост на компанијата ЕВН. На две локации во Тетово, односно на улица Иво Лола Рибар и во населбата блок 70, по полноќ целосно изгореле паркираните автомобили. Осомничениот е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување на случајот.
Во гаснењето на пожарите во возилата интервенирале екипи на Територијалната противпожарна единица Тетово.
Од Компанијата ЕВН со осуда за настанот. Оттаму велат дека преземаат мерки и активности за заштита на имотот и вработените на компанијата. Даваат целосна поддршка на институциите за целосно расчистување на случајот.
Данијела Билбиловска
