Македонија

Делови од Тетово без вода, пола град без струја

Делови на Тетово имаа прекин во водоснабдувањето, додека, другата половина од градот остана без струја повеќе од 8 часа. Вчера настанало затнување на вентил на главната водоводна мрежа, на истата линија каде минатата недела имаше два поголеми дефекти. Прекинот во снабдувањето со електрична енергија бил поради див ископ од трето лице.

Повторно се појави проблем во главната водоводна мрежа на улицата „Цветан Димов“ во Тетово, кој остави без вода неколку тетовски населби. Вчера настанало затнување на цевката со песок и камења, откако минатата недела на истата линија имаше два поголеми дефекти. Тогаш поголем дел од градот три дена имаше прекин во водоснабдувањето.

Повеќе од 8 часа, пак, вчера без струја остана дел од Тетово, поради див ископ. Од ЕВН информираат дека прекинот е пријавен во 16 часот, по што екипите излегле на терен.

„Екипите на Електродистрибуција констатирале дека дефектот настанал на 20кВ подземен кабел преку кој со електрична енергија се снабдуваат 8 трафостаници. На лице место, видно било дека трето лице вршел див ископ при што го оштетил кабелот. Санацијата траеше 8 часа“, информираат од ЕВН.

Случајот бил пријавен во МВР каде што е изготвен записник за оштета од трето лице и се води истрага против сторителот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе