Нема одлука за отворање на училиштата, а има три модели според кои би се реализирала наставата, годинава, во услови на пандемија од корона вирус. Тоа се класична, онлајн настава за сите и комбинација од двата модела. Денска за прв пат на само три недели до 1 септември министерот Адеми кажа дека се потребни измени во законите за образование, а ако нема функционално Собрание, учениците ќе имаат продолжен летен распуст.
По денешниот состанок и Комисијата за заразни болести со став дека дека тие бараат дополнителни информации од МОН. Но , и др. Исјановски кој е член на комисијата вели дека е се уште рано за одлука, и дека потребни се измени на законот за основно и законот за средно образование.
На денешната средба освен за училишната настава се разговарало и за отворање на градинките, за кои сепак исто така треба да се доработат протоколите.
Теодора Цветковска
