Македонија Најважни

Огромни штети од поплавите во велешко

Ова е се што остана од подрумските соби од куќата на Иванов од велешки Превалец. Јак млаз на вода, надошол пет минути откако запрело силното невреме кое вчераго погоди Велес. Водата ги скршила вратите и прозорците и почнала да го ги полни собите. На еден од креветите спиела мајката на Зоранчо Иванов, која е неподвижна и едвај успеале да ја спасат од надојдената вода.

Тие ни објаснија дека реката често се излева, но вакво невреме и штета немаат видено 30 години, кога силно летно невреме ги поплавило нивните куќи.

Денеска во нивниот двор на помош беа дојдени соседи, екипи од комуналните служби, роднини за да им помогнат да ја исчистат куќата. Скоро целиот мебел и покуќнина, сепак ќе мора да се фрли. На стотици метри подолу од нивната куќа се срушил потпорен ѕид, кој комплетно уништил работилница.

Надлжените цел ден се на терен, штетите се бројат, се прават проценки – од ова невреме нема жртви, но се уште се трага по 51 годишен маж од село Белештевица, кој помагајќи на екипите на ЕВН се удави, а локалните власти претпоставуваат дека неговото тело го однеле водите на Вардар.

Го напуштивме Велес мирен и сончев, но работниците крај пругите и луѓето со автомобили кои застануваа да погледнат во урнатините сведочат за драматичната и страотна вечер која ја преживеаа Велешани.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

На одбраната не и беа презентирани докази за основано сомневање – адвокатката на Богоев најави жалба на притворот

Дејан Дејан

Сајбер насилството меѓу децата е зголемено за повеќе од 30%, на мета девојчињата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе